Челси пазари од братскиот клуб од Франција

Челси го договори доаѓањето на Чаби Алонсо за нов менаџер, по што беше договорен и ангажманот на првото ново засилување за претстојниот преоден рок.

Станува збор за Валентин Барко, 21-годишниот Аргентинец кој пристигнува од француски Стразбур, клуб со исти газди како и Челси со кого лондонските „сини“ блиско соработуваат во последните две години.

Лијам Росениор беше донесен од Стразбур како нов менаџер на Челси, токму тој го бараше Барко на „Стемфорд бриџ“, па иако Росениор во меѓувреме доби отказ, управата на клубот реши да му верува и да го доведе овој играч во Челси.

Аргентинецот подеднакво добро се снаоѓа како лев бек или во средниот ред, па со својата универзалност сигурно ќе му биде од корист на Чаби Алонсо. Тој пред две години беше дел од Премиер-лигата како член на Брајтон, не доби шанса и беше испратен на позајмица во Севилја, од каде заврши во Стразбур во трансфер вреден околу 10 милиони евра.

Барко веќе се збогуваше од францускиот клуб, а „Л’Екип’ тврди дека Челси ќе плати 20 милиони евра плус клаузули за овој аргентински интернационалец.

Се вчитува...