Челси подготвува 100 милиони евра за Деле Али

Англискиот првак Челси има намера сериозно да се засили за новата сезона, а би сакал да „пазари“ и од вицепрвакот Тотенхем. Менаџерот Антонио Конте има огромна желба на „Стемфорд бриџ“ да го доведе офанзивниот играч за врска, Деле Али. Англискиот репрезентативец е желба и на Реал Мадрид, но засега „кралевите“ немаат упатено официјална понуда до Тотенхем за овој фудбалер. Според информациите од Англија, Челси е подготвен да понуди 100 милиони евра за ангажман на Деле Али.

21-годишниот фудбалер од средниот ред лани имаше одлична сезона и постигна 20 гола за „спарси“, а тоа е навистина голема бројка ако се знае дека не е класичен напаѓач. Сепак, мала е веројатноста Тотенхем да се согласи да го продаде Деле Али, околу кого менаџерот Покетино планира да го гради тимот во наредните неколку години.

Се вчитува...