Челси прави иста грешка: Го продаде играчот за 20, сега ќе го купува за 45 милиони

Натан Аке е блиску да се врати во таборот на Челси после пет години откако беше продаден. Во 2017 година, Аке од Челси за 20 милиони фунти замина во Бурнмут, а потоа се пресели во Манчестер Сити.

Но, сега Челси ќе треба да ја дуплира сумата за да го врати во своите редови овој стопер, кој треба да биде замената за Ридигер на „Стемфорд Бриџ“. Манчестер Сити бара околу 45 милиони фунти за услугите на Аке. Англиските експерти сметаат дека „сините“ ќе ја повторат истата грешка како со Ромелу Лукаку.

Лукаку во 2014 година од Челси се пресели во Евертон за 35 милиони евра, а потоа преку Манчестер Јунајтед и Интер, се врати во Челси за неверојатни 110 милиони евра. Но, Лукаку по врќањето во Лондон не беше ниту одблиску оној Лукаку од времето на Интер, па сега се врати повторно во Милано како позајмен.

Покрај Аке, блиску до потпис со Челси е Рахим Стерлинг од Манчестер Сити.

Се вчитува...