Челси до крајот на зимскиот преоден рок сака да се засили на средината на теренот, а изборот падна на Даглас Луис.
Бразилскиот фудбалер е на позајмица во Нотингем Форест од Јувентус, но нема голема минутажа во редовите на „шумарите“ настапувајќи само на 14 натпревари во текот на сезоната.
Нотингем Форест нема ништо против трансферот, а преговорите помеѓу Челси и Јувентус се во тек.
Доколку истите бидат успешни 27-годишникот кој во минатото настапуваше и за Васко де Гама, Манчестер Сити, Џирона и Астон Вила ќе се пресели на „Стемфорд Брид“ само до крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

