Челси преку пенал-рулетот подобар од Тотенхем за финале во Лига купот

Челси се пласираше во финалето на Лига купот на Англија откако во полуфиналната пресметка дури по пенал-рулетот беше подобар од Тотенхем победувајќи со 4-2. Во реванш пресметката од полуфиналето Челси на свој терен славеше со 2-1 со што ја анулираше предноста од 0-1 по првиот натпревар на Тотенхем.

Челси веќе по првото полувреме ја анулираше предноста од 0-1 на Тотенхем од првата средба. „Сините“ брзо поведоа со 2-0, со головите на Канте во 27. минута и Азар во 38. минута…

Но, Тотенхем се врати брзо во игра на стартот од вториот дел со голот на Љоренте во 50. минута од натпреварот, со што успеа да се избори за конечни 2-1 во регуларниот дел и можност преку пенали да стигне до финалето.

Но, во пенал-рулетот Челси беше посреќниот кој успеа да стигне до конечна победа. Ерик Даер и Лукас не реализираа кај Тотенхем во третата и во четвртата серија што значеше и конечна победа за „сините“ кај кои прецизно во четири серии стрелаа Вилијан, Азпикуета, Жоржињо и Давид Луиз.

Во финалето од Лига купот на Англија закажано за 24. февруари, Челси ќе игра против Манчестер сити.

Се вчитува...