Преплатени трансфери во Англија: Кепа, Марез, Кеита…

Кепа Аризабалага е најпреплатениот трансфер за изминатово лето тврди „CIES Football Observatory“, групација која се занимава со анaлиза на фудбалски податоци. Според компанијата, Челси загубил 40 милиони фунти со оглед дека за него плати рекордни 71,6 милион фунти, а според групацијата тој реално вреди 31,5 милиони фунти. Кепа потпиша за Челси само неколку часа откако беше објавено дека Тибо Куртоа заминува во Реал Мадрид и стана најскапиот голман во историјата.

Аналитичарите од групацијата тврдат дека Челси загуби и 20 милиони фунти при трансферот на Куртоа, бидеји тој замина за 35 милиони фунти, а неговата проценета вредност е 55 милиони фунти.

Челси не е едниствениот клуб со надуен трансфер летово. Во оваа категорија влегува и трансферот на Мина од Барселона во Евертон. За него преплатената цена е 15 милиони фунти.

На листата на преплатени трансфери е и оној на Наби Кеита од Лајпциг во Ливерпул, како и преселбата на Ријад Марез во Манчестер сити, според CIES за сума од 25 милиони фунти повисока од реалната.

Се вчитува...