Енцо Мареска доби отказ од Челси по ремито на „сините“ против Борнмут на домашен терен. Лондончани направи уште еден кикс во битката за врвот во Премиерлигата, па сето тоа значеше крај за менаџерот на клупатана тимот од „Стемфорд бриџ“.
Дел од домашните навивачи ги искажаа своите фрустрации по последниот свиреж, со извици по крајот на мечот. Односот на тренерот Мареска со сопствениците беше крајно влошена, а дополнително и нервозата на фановите придонесоа Италијанецот да добие отказ.
„Фудбалскиот клуб Челси и тренерот Енцо Мареска се разделија. За време на неговиот престој во клубот, Енцо го водеше тимот до успех во Лигата на конференции на УЕФА и Светското клупско првенство на ФИФА. Овие достигнувања ќе останат важен дел од поновата историја на клубот и му благодариме за неговиот придонес во клубот. Со клучни цели за кои сè уште треба да се игра во четири натпреварувања, вклучувајќи квалификации за Лигата на шампионите, Енцо и клубот веруваат дека промената му дава на тимот најдобра шанса да ја врати сезоната на вистинскиот пат. Му посакуваме на Енцо се најдобро во иднина“ – се вели во соопштението од Челси.
Како што пренесува „Дејли мејл“, Челси има мал список кандидати за наследник на Мареска, кој го вклучува и фаворитот на обложувалниците Лиам Розениор. Се очекува замената на Мареска да биде именувана во блиска иднина. Во игра е и Андони Ираола од Борнмут, но не и поранешниот тренер на Брајтон, Роберто де Зерби, кој сега е во Марсеј, а беше опција пред клубот да го назначи Мареска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

