Челси против Вилјареал бара влез во десетте најтрофејни екипи во Европа

Освојувачот на Лигата на Шампионите, Челси и шампионот на Лига Европа, Вилјареал денеска од 21 часот ќе си ги одмерат силите на „Виндсор Парк“ во Белфаст, Северна Ирска со цел да стигнат до трофејот во Суперкупот.

Триумф за Челси би значело и пробивање на меѓу десетте најтрофејни екипи во Европа и престигнување на Манчестер Јунајтед на оваа листа каде уште се и Ајакс, Јувентус, Баерн Минхен, Ливерпил, Барселона, Милан и Реал Мадрид.

„Многу ги почитувам Вилјареал и Унај Емери. Наскоро ќе мораат да ја преименуваат Лига Европа во Унај Емери трофеј. Негото достигнување е неверојатно. Во финалето играше пет пати и четири пати победи. Тоа е лудо. Мислам дека на натпреварот ќе настапат со сите сили бидејќи немаат што да загубат. Но, и ние го сфативме овој натпревар многу озбилно и ќе направиме се што можеме да го донесеме трофејот дома“, изјави тренерот на Челси, Томас Тухел.

„Жолтата подморница“ не се прослави на пријателските натпревари во пресрет на сезоната, меѓутоа Вилјареал нема така лесно да се откаже од трофејот, а има и позитивен скор против премиерлигашите. Како потсетување, тимот на Емери претходната сезона на патот до трофејот ги совлада Арсенал и Манчестер Јунајтед.

„Сакам да го освојам Суперкупот, бидејќи во тоа не успеав. Два пати губев. Сакам повторно да оствариме историја и да го кренеме трофејот пред почетокот на новата сезона. Суперкупот ќе ни покаже за што сме подготвени против противник како Челси, актуелниот шампион на Европа и за мене во моментот најдобриот тим на светот“, изјави Емери.

Се вчитува...