Фаворитите рутински си ги одработеа задачите во третото коло од англискиот лига-куп, обезбедувајќи пласман во следната рунда.
Најубедлив беше Челси, кој славеше со 5-1 над Нотингем форест. Антонио Конте се реши за комбиниран тим со Азар и Фабрегас како стартери, а најдобро се снајде Батшуаи, кој постигна хет-трик во мрежата на ривалот од Чемпионшип-дивизијата. Покрај Батшуаи, меѓу стрелците на оваа средба се запишаа уште и младите Кенеди и Мусонда.
Арсенал славеше само со 1-0 над третолигашот Донкастер иако Арсен Венгер изведе силен тим предводен од Санчез, Жиру и Волкот. Чилеанецот одигра очајна редба, а единствениот погодок го постигна Волкот.
Евертон го победи Сандерленд со 3-0, меч на кој блесна младиот Калверт Левин со два гола, а еден погодок постигна Ниасе.
Theo Walcott Goal HD – Arsenal 1-0 Doncaster… by riqeziAll Goals & highlights – Chelsea 5-1 Nottingham… by goalsarena2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА