Челси рутински преку Хал сити, Диего Коста се врати и даде гол

Лидерот во Премиер – лигата, тимот на Челси, оствари уште една рутинска победа, совладувајќи го Хал сити на домашен терен со 2-0. По недоразбирањата што ги имаше со менаџерот Антонио Конте, шпанскиот интернационалец Диего Коста се врати во составот на „сините“ и постигна погодок за отворање на резултатот. Тој ја затресе мрежата на Хал сити во 52.минута, но од првото полувреме, поради долгото продолжение што беше покажано поради повреда на еден фудбалер.

Во вториот дел, Гери Кејхил го потврди триумфот на Челси со удар со глава во 81.минута од средбата.

CHELSEA VS HULL CITY 1-0 GOAL Diego Costa 22-01… by bobilecGary Cahill Goal HD – Chelsea 2-0 Hull City 22… by Live1Goals

Се вчитува...