Челси сака да го доведе Тимо Вернер на „Стемфорд бриџ“

Англискиот премиерлигаш Челси доби дозвола за трансфери во зимскиот преоден рок, а менаџерот Франк Лампард сака да доведе ново име во нападот. Оливие Жиру воопшто не добива шанса и најверојатно ќе замине во Интер, а Лампард сака да го доведе Тимо Вернер, германскиот репрезентативец од бундеслигашот Лајпциг. За него е подготвен да плати 50 милиони фунти.

Во опција за засилување на навалната линија во Челси се и Муса Дембеле од Лион, како и Федор Чалов од рускиот тим ЦСКА Москва.

Според британските медиуми, Франк Лампард ќе добие на располагање 150 милиони фунти од сопственикот Роман Абрамович за ангажман на нови фудбалери.

Се вчитува...