Челси се „лизна“ во ладната Русија, Јуве го освои првото место во групата Х (ВИДЕО)

Челси се „лизна“ на гостувањето кај Зенит Санкт Петерсбург ремизирајќи (3-3) во натпревар од последното шесто коло во Х групата од Лигата на шампионите и со тоа му го препушти на Јувентус лидерското место во групата Х.

Гостите поведоа со голот на Тимо Вернер уште во втората минута со 0-1. Следуваше „блицкриг“ на домаќините кои во периодот од 38. до 41. минута стигнаа до целосен пресврт со головите на Клаудињо и Азмун.

Фаворитот заигра далеку подобро во вториот дел. Прво Лукаку израмни на 2-2 во 62. минута, а повторно во водство ги донесе „сините“ Тимо Вернер во 85. минута. Сепак, домаќините успеаја да стигнат до бод со голот на Ероткин во 94. минута.

Јувентус стигна до победа од 1-0 против Малме на нашиот Ердал Ракип. Македонскиот репрезентативец поради повреда на мускулот мораше да го напушти теренот во 30. минута. Стрелец за „старата дама“ беше Мојзие Кеан.

 

 

 

Се вчитува...