Челси се откажува од Кепа – „Сините“ тргнуваат по потписот на Јан Облак

Англискиот премиерлигаш Челси тргна по потписот на еден од најдобрите голмани во светот, Јан Облак. Репрезентативецот на Словенија години наназад е меѓу најдобрите чувари на мрежата, а „сините“ го гледаат како идеално решение за тимот.

Кепа не остави најдобар впечаток сезонава меѓу стативите, па затоа Лампард планира да го понуди него плус голема сума на пари за услугите на голманот на Атлетико Мадрид. Облак има договор со „јорганџиите“ до 2023, а неговата откупна клаузула изнесува 120 милиони евра.

Шпанските медиуми пренесуваат дека првата понуда од Челси била Кепа плус 30 милиони, сума која што сигурна ќе биде одбиена од мадридскиот тим.

Се вчитува...