Челси се премисли, во јануари со понуда за Влаховиќ

Трансфер-политиката на Челси е толку трагикомична што се чини дека Тод Боели и неговите соработници тешко можат да се надминат со погрешните потези, но тие секогаш наоѓаат начин да го докажат спротивното.

Последната информација вели дека „сините“ подготвуваат јануарска офанзива по Душан Влаховиќ, одличниот голгетер на Јувентус кој извонредно ја стартуваше сезоната. Нема ништо погрешно во тоа да се бара врвен голгетер, но проблемот со Челси е што – пред еден месеци лондонскиот клуб водеше интензивни преговори со Јуве за да го договори доаѓањето на Влаховиќ на „Стемфорд бриџ“, за на крајот токму челниците на Челси да ги прекинат преговорите.

Тоа беа разговори за размена  Лукаку (со доплата) за Влаховиќ, Челси објави дека не е заинтересиран повеќе за Србинот, а потоа не најде купец за Ромелу, кој беше испратен на позајмица во Рома. Откако Џексон се покажа како огромно промашување „сините“ пак се на пазарот по нов голгетер, и повторно се враќаат на Влаховиќ, на тој начин признавајќи ја својата грешка од летниот преоден рок.

Последните информации говорат дека премиерлигашот е подготвен да плати 60 милиони фунти за во јануари да го доведе Србинот во своите редови, но прашање е дали Влаховиќ воопшто ќе биде заинтересиран за трансфер ако се земат во предвид слабите игри и резултати на лондонскиот клуб од стартот на сезонава.

Се вчитува...