Челси си поигруваше со нервите на навивачите, но славеше со Свонси… (видео)

Челси си „поигруваше“ малку со своите навивачи држејќи ги во тензија низ поголемиот дел од натпреварот, но успеа да слави со 3-1 против Свонси во 26. коло од Премиер лигата.

Иако „сините“ брзо дојдоа до предност со голот на Фабрегас уште во 19. минута, сепак гостите успеаја да израмнат преку Љоренте во 45. минута.

Триумфот за Челси го најави Педро со голот во 72. минута од натпреварот, а на 3-1 заокружи Диего Коста во 84. минута.

До триумф стигна и Евертон кој дојде до победа од 2-0 против Сандерленд, со погодоците на Идриз Гује во 40. минута и Лукаку во 80. минута.

All Goals & Highlights HD – Chelsea 3-1 Swansea… by Bayeo

РЕЗУЛТАТИ – 26. КОЛО

Челси – Свонси 3-1

Кристал Палас – Мидлсборо 1-0

Евертон – Сандерленд 2-0

Хал – Барнли 1-1

ВБА – Бурнемаут 2-1

Ватфорд – Вест Хем (18:30 ч.)

ТАБЕЛА: Челси 63 бода, Манчестер сити (-1) 52, Тотенхем (-1) 50, Арсенал (-1) 50, Ливерпул (-1) 49, Манчестер јунајтед (-1) 48, Евертон 44 бода,…

Се вчитува...