Падна договор: Челси успеа со шопингот во Милано

Челси и Милан десетина дена преговараат околу трансферот на Мајк Мењон, а англискиот премиерлигаш синоќа ја достави и последната понуда до „росонерите“.

Французинот е решен да си замине од Милан, веќе ги прекина преговорите за нов договор, а ако се знае дека актуелниот му устекува за една година јасно е дека „росонерите“ се соочуваат со огромен притисок да го продадат летово. Челси ја користи ситуацијата и максимално ја спушти цената, па преговорите почнаа од прескромни 10 милиони фунти. Таа понуда беше одбиена, но лондонскиот клуб со најновата понуда е подготвен да плати 15 милиони фунти.

Како што информира „Газета дело спорт“, оваа понуда е прифатена и Мењон по завршувањето на репрезентативните обврски веќе утре ќе отпатува за Милано, каде по деталните лекарски прегледи ќе потпише договор со клубот од „Стемфорд бриџ“.

Милан е принуден да ги продава најдобрите фудбалери откако не успеа да обезбеди пласман во ЛШ, Реиндерс беше продаден во Манчестер сиит, Мењон сега оди во Челси, а на излезна врата е и левиот бек Тео Хернандез.

Се вчитува...