Челси со стил, Сити доминантен, Ливерпул пред Арсенал во ЛШ

Челси ја оствари 30.победа во Премиер – лигата и на најдобар можен начин, со нов рекорд, ја прослави шампионската титула. Тимот на Антонио Конте го совлада Сандерленд со 5-1. Гостите први поведоа со голот на Манкилјо, но брзо израмни Вилијан, а во вториот дел Азар, Педро и Батшуаи со два гола донесоа триумф. Капитенот Џон Тери беше во стартниот тим, како збогување од „Стемфорд бриџ“.

Манчестер сити со 0-5 славеше на гости против Ватфорд и го освои третото место, кое води директно во ЛШ. Компани го отвори резултатот, Агуеро потоа постигна два гола, а во листата на стрелците се запишаа и Фернандињо и Габриел Хесус.

Тотенхем беше уште поубедлив и победи со 1-7 на гости кај Хал сити. Хари Кејн беше стрелец на хет – трик на овој меч.

Ливерпул успеа да стигне до четвртото место, кое води во квалификациите за ЛШ, со победата од 3-0 над Мидлсборо. Вајналдум пред самиот крај на првиот дел донесе водство, а Кутињо и Лалана во второто полувреме ги разрешија дилемите.

Арсенал славеше со 3-1 против Евертон на „Емирати, иако играше со играч помалку речиси цел натпревар поради исклучувањето на Кошиелни. Но, „топчиите“ нема да играат во ЛШ следната сезона.

Резултати Англија: Челси – Сандерленд 5-1, Арсенал – Евертон 3-1, Барнли – Вест Хем 1-2, Хал сити – Тотенхем 1-7, Лестер – Бурнемаут 1-1, Ливерпул – Мидлсборо 3-0, Манчестер ј. – Кристал Палас 2-0, Саутемптон – Стоук 0-1, Свонси – ВБА 2-1, Ватфорд – Манчестер сити 0-5.

Се вчитува...