Челси осигура уште едно големо засилување пред самиот крај на преодниот рок откако конечно постигна договор за ангажман на Саул Нигез.
Шпанскиот играч за врска доаѓа од Атлетико Мадрид, и тоа на едногодишна позајмица за која „сините“ платија пет милиони евра на актуелниот првак на Ла Лига. Саул одбиваше да потпише нов договор со Атлетико, тренерот Симеоне му порача дека не смета на неговите услуги, за шпанскиот шампион во последен момент да најде начин да се ослободи од овој фудбалер.
Во игра беа и Ливерпул и Манчестер Јунајтед, но раководството на Челси беше најупорно во преговорите, потпишувајќи го шпанскиот играч за врска како последно засилување летово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА