Челси спасот на бековската позиција го најде во ПСЖ?

Повредата на Бен Чилвел создаде сериозни проблеми за Челси. „Сините“ останаа без услугите на репрезентативецот на Англија до крајот на сезоната, а единствената замена кој ја имаат на левата бековска позиција, Маркос Алонсо е една од „најслабите алки“ во дефанзивата.

Притоа актуелниот шампион на Европа не може во своите редови да ги врати „позајмените“ Емерсон Палмиери и Иан Матсен од Лион, односно Ковентри па до крајот на преодниот рок на позајмица ќе се обиде да го ангажира дефанзивецот на ПСЖ, Лејвин Курзава.

Дваесет и девет годишникот не е во плановите на „светците“ оваа сезона во која настапи само во Суперкупот на Франција, но Томас Тухел добро ги познава квалитетите на повремениот репрезентативец на Франција.

Се вчитува...