Челси убедлив против Барнли, Кристал Палас го сопре Арсенал

Челси ја оствари седмата победа оваа сезона во Премиер – лигата, славејќи убедливо на гости против Барнли со 0-4. Алваро Мората го отвори резултатот во 22.минута, а во вториот дел „сините“ од Лондон го прегазија домаќинот. Стрелаа и Рос Баркли, Вилијан и Рубен Лофтус – Чик.

Кристал Палас успеа да го сопре победничкиот чекор на Арсенал, играјќи 2-2 на домашен терен. Лука Миливојевиќ од пенал донесе предност за домашниот тим на самиот крај од првото полувреме, а потоа Арсенал направи пресврт. За „топчиите“ погодија Гранит Џака од слободен удар, и Пјер – Емерик Обамејанг пет минути подоцна.

Во финишот, Лука Миливојевиќ повторно од пенал успеа да израмни на 2-2.

Се вчитува...