Англискиот премиер-лигаш Челси е заинтересиран за услугите на стоперот на калчолигашот Јувентус, Матијс де Лихт, пренесуваат италијанските медиуми.
Холандскиот дефанзивец во договорот има откупна клаузула од 120 милиони евра, а договорот со Јувентус му истекува во 2024 година.
Раководството на клубот од Торино се сретна со менаџерката на фудбалерот и се разговараше околу можните понуди. Челси сака да го купи Де Лихт како би ја пополнил дупката со заминувањето на Антонио Ридигер во Реал Мадрид.
Јувентус Де Лихт го доведе во 2019 година од Ајакс со што го направи најскап дефанзивец во Серија А.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА