Челси заборави да победува во Премиер-лигата

Челси дефинитивно е во резултатска криза откако „сините“ одиграа само 2-2 на домашен терен против Борнмут, останувајќи без триумф на трет меч во низа во Премиер-лигата.

Мареска го изротира тимот по домашниот пораз од Астон Вила, но тоа не вроди со преголем плод откако „сините“ наместо со посакуваните три, мораа да се задоволат само со еден освоен бод. Борнмут прв поведе преку Брукс, Челси направи пресврт со головите на Палмер и на Фернандез, но Клајверт израмни на 2-2 во суперинтересното прво полувреме, по што во вторите 45 минути мрежите мируваа на „Стемфорд Бриџ“.

Евертон како гостин го совлада Нотингем Форест со 0-2 со головите што ги постигнаа Гарнер и Бери, додека Њукасл славеше во Барнли со 1-3. Жоелинтон и Виса стрелаа прецизно за 0-2 по само седум минути игра, домаќините намалија преку Лорен, а печат на победата во судиското продолжение стави Бруно Гимараеш.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...