Челси ги забрзува преговорите со Баер Леверкузен за Каи Хаверц. „Сините“ го ловата талентираниот 21-годишен играч подолго време и тој треба да биде едно засилувањата планирани за летово, а меѓу кои се и Тимо Вернер и Хаким Зијеч. Менаџерот Френк Лампард се надева дека пласманот на Челси во Лигата на шампионите уште повеќе го го зголеми интересот на Хаверц за траснферот во Лондон. Германецот има договор со Баер Леверкузен до 2022 година, а клубот за него бара околу 100 милиони евра.
Според информациите од последниов период, Левркузен нема да го задржува Хаверц за преостанатите дуел од Лига Европа закажани за август. Според палсманот на конечната табела во Бундес-лигата, клубот ќе биде дел од ова натпреварување и следната сезона.
Челси кој поради санкции го прескокна трансфер периодот минатото лето, ова лето планира да потроши повеќе пари за нови играчи додека според најавите другте клубови ќе бидат лимитирани со оглед на кризата која за создаде пандемијата на коронавирусот. Лондонскиот тим е заинтересиран и за голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак со оглед дека Кепа Аризабалага, најскапиот голман во светот е во специфичен однос со Лампард. Тој воопшто не бранеше на последниот натпревар против Вулверхемтон и си заминал за Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА