Челзи само еднаш го „скрши“ Малме, Ракип играше до 86. минута (ВИДЕО)

Челзи како голем фаворит допатува во Малме на пресметката со шведскиот првак, а успеа да го победи минимално. Се намачија избраниците на Тухел да го најдат патот до голот, а тоа им успеа само еднаш. Зијех погоди во 56. минута и тој гол ја донесе победата на крајот за „сините“ кои дојдоа до третата победа во групата. Имаа шанси Челзи за поубедлив триумф, а Пулишиќ во финишот промаши празен гол.

Македонскиот репрезентативец Ердал Ракип играше до 86. минута кога беше заменет.

Во вториот меч Волфсбург го совледа тимот на Салцбург со 2:1, и дојде до првиот триумф во групата. „Волците“ дојдоа до прв гол уште во третата минута преку Ридле Баку . Салцбург успеа да израмни со прекрасниот гол на Вобер од слободен удар. Волфсбург дојде до ново водство преку Лукас Нмеча во 60. минута.

РЕЗУЛТАТИ:

Волфсбург – Салцбург 2-1
Малме – Челзи 0-1

Standings provided by SofaScore LiveScore


Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...