Марсеј стигна до шестата победа во француското првенство откако славеше на гостински терен над Клермонт со 0-1 во 12. коло. Херојот на гостите беше турскиот репрезентативец Ченгиз Ундер кој во 25. минута успеа да го совлада противничкиот голман.
Со оваа победа Марсеј се искачи на третата позиција на табелата со 22 освоени бода, еден повеќе од четвртопласираниот Ленс и еден помалку од второпласираната Ница. За разлика од нив, Клермонт го запиша и петтиот пораз и сега се наоѓа на 15. место на табелата со 13 осовоени бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА