„Чернобил ме направи сираче, не дозволив тоа да ме дефинира“

Оксана Мастерс – параолимписка шампионска и медалистка има филмска животна приказна. Родена во Украина во 1989 година, три години по нуклеарната катастрофа во Чернобил, до седум години бил во дом за сирачиња, сега освојува медали на Параолимписките игри под знамето на САД.

Оксана е родена со тешки физички недостатоци како последица на изложеноста на голема радијација. Родена е со шест прсти, и недостасуваат коски на нозете, колената практично и лебделе, немало на што да се држат. Има недостатоци и на рацете, нема палци, десен бицепс, а и недостасуваат и некои органи. Таа е родена без емајл на забите. Подоцна во животот дознала дека тоа може да биде само како последица на изложеност на радијација.

„Ова се се објаснува со катастрофата во Чернобил. Јас не бев далеку од таму. Проблем беше што во годините по инцидентот радијацијата растеше. Електрана имаше и во селото каде што беше домот за деца без родители. Кога ќе се зголемеше радијацијата, полицаец одеше по улиците и ни кажуваше да не излегуваме и да ги блокираме вратите и прозорците“ – раскажува Оксана.

Кога имале пет години и кажале дека ќе има нова мајка. Процесот на посвојување траел две години. Жената која ја земала била универзитетска професорка. Немала друго семејство. Кога дошла во Америка сфатила во какви невозможни услови живеела претходно. Во САД прво и била ампутирана една, а по неколку години и другата нога.

„Кога дојдов во Америка сфатив колку тоа што дотогаш сум го живеела е ненормално. Ми беше констатирано дека страдам од неухранетост, на осум години бев како типично американско дете од три години. Мајка ми имаше многу тешкотии, прво затоа што беше сама, многу тешко одеше посвојувањето. И потоа беше тешко. Луѓето ја прашуваа што и недостасува, зошто е сама.“

Оксана имала и повеќе операции на двете раце. Со веслање почнала во 2002 година. Освои бронза во оваа дисциплина во тандем со Роб Џонс на Параолимписките игри во 2012 година. За Игрите во Сочи се префрли на крос кантри. Во Сочи освои сребро и бронза. Четири години подоцна во Пјонгчанг освои два златни медали во крос кантри. На тие игри партнер и беше Арон Пајк. Сега тренира велосипедизам и ќе учествува на Олимписките игри во Токио. Медалот и побегна во Рио во 2016 година и вели дека во Токио има незавршена работа.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...