Червар бесен на Начевски: Ни ја украде топката, да му е… мајката безобразна

Македонските арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов одлично си ја одработеа задачата на денешното финале во Стокхолм, но Лино Червар беше бесен на нашите судии. Причина беа досудените чекори на Игор Карачиќ на две минути до крајот, момент што се покажа како пресуден бидејќи веќе во следниот напад Шпанија постигна гол, отиде на „плус два“ и го реши прашањето на победникот.

Иако на повторената снимка се виде дека хрватскиот бек навистина направи чекори и Начевски ја донесе вистинската одлука, Червар ги загуби нервите на тајмаутот што го зема една минута подоцна.

„Отиде времето… Ни ја украде топката, да му е… мајката безобразна… Ајде да го завршиме нападот што побрзо“, им порача Червар на своите избраници.

Се вчитува...