Червар доби понуда од Хрватска, има десет дена за да реши…

Лино Червар на прес-конференција најави дека нема намера да се нуди никому за селектор, но искусниот стратег останува главен фаворит во трката за кормилар на хрватскиот национален тим. Ова го тврди весникот „Вечерњи лист“, според кој во текот на денешниот ден Червар се сретнал со првиот човек во хрватскиот ракомет, Зоран Гобац, дискутирајќи за можноста за негов камбек на клупата на „коцкестите“. Јавна тајна во спортските кругови е дека Гобац денеска не дојде во Скопје за да го следи дуелот Вардар – Загреб колку за средба со Червар, стручњакот што тој го избра за селектор во 2002 година, за почеток на една успешна ера на хрватскиот национален тим.

Според „Вечерњи“, Гобац останува на ставот дека Червар треба прв да добие понуда да стане селектор во пресрет на претстојниот европски шампионат  што ќе се одржи токму во Хрватска. Истиот извор тврди дека тренерот на Металург денеска добил и конкретна понуда, а ќе добие и десетина дена за да ја донесе конечната одлука.

print sccreen

Неофицијалните информации говорат дека Червар би ги прифатил пониските финансиски примања како селектор на Хрвтска во однос на она што го заработува како кормилар на македонската репрезентација. Проблем сепак останува Металург, поради фактот дека Хрватите инсистираат нивниот нов селектор да има професионален ангажман, а не да ги дели репрезентативните со клупските обврски.

Неофицијално, како опција се споменува и можноста Червар да остане на чело на Македонија до крајот на квалификацискиот циклус во јуни, по што би го отстапил своето место на друг стратег и во текот на летото би се вратил во татковианта. Тоа може да биде и меч со две острици поради фактот дека во ситуација кога е познато дека селекторот е на заминување, неговата способност да ја крене атмосферата редовно се доведува во прашање (впрочем, тоа беше случај и со Данска и со Германија на последниот светски шампионат).

Дилемите остануваат, но наскоро ќе бидат разрешени, а најдоцна до крајот на овој месец се очекува и дефинитивно да биде познато дали Червар ќе остане дел од македонскиот проект „Токио 2020“ што гордо го најави при својата промоција, или ќе се врати во татковината.

Се вчитува...