Храбрата Хрватска e прв финалист на Европското првенство во ракомет откако по две продолженија со 29-28 ја совлада фаворизираната Норвешка во првиот полуфинален натпревар. Червар покажа дека е ракометен гениј кој успеа да ги задржи Норвежаните на само 28 гола во 80 минути. Домагој Дувњак дека е лидер на оваа генерација, а херој во последните мигови беше Жељко Муса. Тој го постигна победничкиот погодок на три секунди пред крајот на вторите продолженија.
Хрватите одлично го отворија натпреварот. Червар постави феноменална игра во одбраната, во која на една од најефикасните екипи на шампионатот и дозволија само 10 гола, а одличен на голот беше и Шего кој имаше шест интервенции, што доведе до тоа „коцкестите“ на полувреме да заминат со плус два (10-12).
На стартот на вториот дел продолжи одличната игра на Хрватите кои по втор пат стигнаа до највисоките плус три (10-13), а Карачиќ промаши зицер за плус четири. Норвежаните заиграа подобро и со серија од 3-7, успеаја за прв пат по почетокот на натпреварот да стигнат до водство (17-16). Променливата игра ги красеше двете репрезентации и во продолжението. Хрватите врзаа три гола и повторно дојдоа до плус два (17-19). Следуваше одговор на Норвежаните кои повторно успеаја да израмнат (19-19).
Натпреварот влезе во неизвесна завршница. Ашанин царуваше на голот, бранејќи ги пеналите на Сагосен и Јондал, а во нападот Дувњак како вистински лидер погодуваше од секоја позиција, а на минута ипол до крајот Хрватска имаше предност од 22-23. Следуваше неискористен напад на Хрватска, по кој следеше казна од Јондал за израмнување на триесет секунди до крајот на мечот 23-23. Хрватите го имаа последниот напад, но не се снајдоа баш најдобро, а натпреварот замина во продолженија. Првото продолжение го одбележаа силните одбрани, кои дозволија само по еден погодок на двете страни (24-24). Норвежаните влегоа со водство од плус еден во последната минута 26-25. Не успеаја да го искористат својот напад, а Хрватска со звукот на сирената доби пенал кој го искористи Дувњак (26-26) и го одведе мечот во нови продолженија.
Во ист ритам продолжија и вторите продолженија. Се играше гол за гол, а по 75. минути резултатот повторно беше израмнет (28-28). Во последните пет минути немаше гол се до последниот напад кој успеа да го реализира Муса и да и донесе на Хрватска победа од 29-28.
Домагој Дувњак со 8 гола беше најдобар во редовите на Хрватска, а залудни беа десетте гола на Сандер Сагосен кај Норвежаните.
Zeljko Musa’s third goal of the tournament – and the one which really counts!@HRStwitt ??#ehfeuro2020 #dreamwinremember pic.twitter.com/ZxruhSscMU
— EHF EURO (@EHFEURO) January 24, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА