Червар: Јас искрено навивам за мојата втора татковина Македонија

Лино Червар не ги крие симпатиите кон ракометната репрезентација на Македонија ниту во пресрет на ЕП 2022, што ќе стартува на 13 јануари во Унгарија и во Словачка.

Поранешниот македонски селектор за „Моцарт Спорт“ ги анализираше селекциите од регионот, искажувајќи му поддршка на Кире Лазаров на неговото селекторско деби на големите натпреварувања.

„Јас искрено навивам за мојата втора татковина Македонија. Мораме да бидеме објективни, македонската репрезентација минува низ промени, се случува смена на генерации. Тимот го предводи Кире Лазаров, најголема легенда во државата, човек што го сакам и го почитувам. Сите мора да го следат неговиот пример, блазе си им на оние што ќе имаат можност да работат со него. Тој е вистински идол, пример како еден спортист треба да игра на терен и да се однесува надвор од него. Иако рано влезе во тренерски води, мислам дека има голем квалитет и тоа ќе го покаже. Никому нема да му биде лесно со Македонија, ниту на Словенија, ниту на Црна Гора, па ни на Данска, која веќе еднаш загуби од Македонија во квалификациите за овој шампионат“, истакна Червар за „Моцарт Спорт“.

Се вчитува...