Червар: Кога ќе посакам можам да си заминам од Македонија

Секогаш кога Хрватска ќе оствари послаб резултат од очекувањата на удар се наоѓа селекторот. А секогаш кога ќе биде најавена, или пак ќе се реализира смена на кормилото на „коцкестите“, како главно име меѓу конкурентите за нов селектор се појавува Лино Червар. Иста е ситуацијата и овојпат, Червар барем засега не сака да дава конкретен одговор на прашањето дали е заинтересиран за оваа функција, но затоа во разговор за весникот „Спортске новости“ обелодени дека воопшто нема да му биде проблем да го напушти кормилото на Македонија.

Мојот договор е така направен, во членот два стои дека можам да се откажам кога и да посакам“ – изјави Червар за „Спортске новости“.

lino print

Останува да се види дали македонскиот селектор ќе остане на дадениот збор и бројните најави дека овој мундијал беше само почеток на новиот олимписки циклус, па ќе остане на чело на нашата репрезентација до 2020 година (каков што му е и договорот) или пак ќе реши да се врати „дома“ и повторно ќе седне на клупата на Хрватска.

Червар и при последниот неуспех на Хрватска беше во комбинација за кормилар на репрезентацијата во својата татковина, тогаш се сретна со највисокото раководство на федерацијата, кое допатува во Скопје при гостувањето на Загреб во СЕХА-лигата, но не беше постигнат договор, па Бабиќ остана на селекторската функција.

Се вчитува...