Червар: Не може судиите да се „главни ѕвезди“ во ракометот

Лино Червар ја користи паузата од ракометни настани за анализи на сработеното со хрватската репрезентација, но и планирање за следните предизвици, настапот на СП во Египет и предолимпискиот турнир. Во меѓувреме, трофејниот стручњак ја искористи можноста за повторно да апелира за промена на правилата во ракометот, за ограничување на судиското влијание врз конечниот исход на натпреварите.

„Веќе имам говорено на оваа тема и нагласено дека постои сериозен проблем – застарени правила кои преферираат субјективна проценка на судиите. Ова особено се однесува на клучните одлуки, со што арбитрите стануваат главни ѕвезди во нашиот спорт. Таквите субјективни проценки се во целосна спротивност со спортската елита. Не велам дека судиите се виновни, но не е убаво кога тие ќе се најдат во преден план и ќе станат поважни актери во мечот од самите играчи“, истакна Червар.

Тој потенцираше дека воведеното правило „седум на шест“ е добар пример како новитетите во ракометот можат да придонесат овој спорт да добие на квалитет.

„Седум на шест, тоа е најдоброто нешто воведено во последните 20 години бидејќи дава можност на екипа со добар тренер да победи посилен ривал од себе“, вели Лино Червар.

Се вчитува...