Червар „полуде“: Како ќе си одиме дома? Кого да погледнам во очи!? (ВИДЕО)

И покрај фаворитската улога Хрватска во последните моменти извлече само реми против Србија на гостувањето во Белград во квалификациите за ЕП 2020.

Хрватите беа далеку под нивото, што го исфрустрира и хрватскиот селектор Лино Червар кој и тоа како имаше што да им каже на своите ракометари на еден тајм-аут за време на натпреварот.

„Како може тие да имаат двапати поголема борбеност од нас? Како ќе се вратиме дома? Кого да погледнам во очи? Кого? Се гине за секоја топка!“ – викаше Червар за време на тајм-аутот при водство на Србија од 20-19.

Хрватите до крајот, низ бледо издание, барем стигнаа да избегнат пораз.

Видеото од тајм-аутот на Хрватите може да го погледнете на следниот ЛИНК.

Се вчитува...