Хрватска не успеа да ја победи Шпанија и да го освои првото место во групата во Виена, но многу поголем проблем за Лино Червар од денешното реми претставува повредата на Игор Карачиќ. Одличниот бек постигна десет гола против Шпанците, но потоа настрада при еден судир со Алекс Душебајев, не можеше да го доврши мечот, а при примањето на наградата за МВП на натпреварот беше очигледно дека Карачиќ не може нормално да се движи.
„Не знам што да кажам, колку е сериозно. Останува само да ги почекаме резултатите, се надевам дека не е ништо страшно“, загрижено изјави Червар, кој за денешниот натпревар не можеше да смета ниту на Лука Циндриќ.
Самиот Карачиќ изрази оптимизам дека ќе може да настапи на петочниот полуфинален натпревар во Стокхолм.
„Болката сега е голема, но мислам дека ќе бидам ОК“, кратко прокоментира ракометарот на Киелце пред хрватските новинари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА