Червар со емотивна порака до Лацковиќ – Лац среќна пензија, ти си мојот „добар дух“

Хрватскиот селектор Лино Червар на емотивен начин се потсети на кариерата на Блаженко Лацковиќ и му посака среќна пензија. Лацковиќ остави голема трага во балканскиот ракомет, а неделава одлучи да стави крај на богатата кариера.

„Лац беше добриот дух на репрезентацијата. Тој е роден победник и даде голем допринос за репрезентацијата. Тој имаше неверојатно позитивна енергија која ја пренесуваше на секој соиграч. Ретко можеш да најдеш таков ракометар, тоа многу ми помагаше во водењето на репрезентацијата. Високо скокаше и шутираше од „трет кат“ и даваше голови. Лац е идеална лекција за сите тренери како треба да изгледа еден професионален ракометар“, изјави Червар.

Блаженко Лацковиќ две сезони беше дел и од тимот на Вардар, а покрај за актуелниот европски шампион во кариерата настапуваше и за Загреб, Фленсбург, Хамбург и Кил.

Се вчитува...