Червар: Вардар е европски шампион, ама каква корист од тоа има Македонија

Пред престојното Европско првенство, селекторот на Хрватска Лино Червар, кој во минатото беше предводник и на македонскиот национален тим, со вообичаени провокации и до македонскиот ракометен свет. Анализирајќи ја хрватската репрезентација Червар компарира и со македонската селекција за која вели дека не може да парира на европскиот врв и покрај тоа што има европски клупски шампион.

„Секогаш е прашањето дали да се форсира клупскиот или репрезентативниот ракомет. Ете погледнете во Македонија. Вардар е европски шампион, ама што корист им од тоа репрезентацијата на Македонија. За тоа секогаш зборувал и најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров“ – вели Червар, притоа дополнувајќи:

„Поради штрајк во еден момент во Металург останав без дури 25 ракометари. Газдата Минчо Јорданов ми кажа дека мора да останам само за да покажеме дека и со деца можеме да одиме напред. Против Кил игравме со Кузмановски, Талески и Нелоски, кои тогаш буквално беа деца. Постигнавме три гола за едно полувреме, но добивме аплауз за храброста. Но, тие ракометари две години подоцна го совладаа Вардар, непосредно пред тој да ја освои првата европска титула. Но, работев по шест часа дневно со нив и на тоа сум најмногу горд. Во една прилика го прашав тогашниот македонски премиер Никола Груевски дали си ги сака сопствените деца, бидејќи видов дека за Вардар тече мед и млеко, а другите не добиваат ништо. Не ми се допадна таквата ситуација во Македонија и затоа се повлеков од македонскиот ракомет“.

Се вчитува...