Чешка ќе биде значително ослабена на претстојниот европски шампионат откако пивотот Леош Петровски отпадна од комбинација за настап на ова големо натпреварување. „Џинот“ висок 202 сантиметри настапува за бундеслигашот Бергишер, но поради повреда нема да им биде на располагање на селекторите Филип и Кубеш.
Станува збор за квалитетен играч кој беше важен во одбраната на Чесите, но исто така и значаен адут на пивотменската позиција. Како Македонија, така и чешката репрезентација ќе се комплетира по новогодишните празници, со приклучување на бундеслигашките ракометари на националниот тим. Чесите ги очекуваат две контролни средби со Унгарија во Ѓер, за кои селекторскиот тандем ги повика следните ракометари:
Македонија својот дуел со Чешка ќе го игра во второто коло од групата Б, на 12 јануари со почеток во 16 часот. Претходно, нашата репрезентација на 10 јануари ќе се сретне со Украина, а во последното коло од групата, на 14 јануари ќе ги одмери силите со домаќинот Австрија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА