Чешкиот селектор признава: Мора да бидеме пресреќни со ремито, Македонија не не изненади!

ЕКИПА во Злин, Чешка

Стеван Цаневски

Селекторот на Чешка, Шпанецот Чави Сабате и тоа како е задоволен од ремито (24-24) со Македонија во првиот натпревар од баражот за пласман на СП.

Чесите важеа за големи фаворити пред средбата, очекувајќи победа на домашен терен, но на крајот како што истакнува Сабате се пресреќни со ремито пред реваншот во Скопје.

„Мора да бидеме пресреќни со ремито кое на крај за нас е одличен резулутат, ако се знае дека Македонија во еден момент во второто полувреме имаше и седум гола разлика, 10-17. Затоа сега мора добро да се собереме, па добро да се рекуперираме и да одиме во Скопје на победа ако сакаме да играме на Светското првенство. Македонија не не изненади, затоа што знаеме за каква репрезентација се работи. Во денешниот ракомет кога генерално се се знае, не може многу работи да ве изненадат“ – ни изјави Сабате веднаш по дуелот во Злин.

Се вчитува...