Чешмеџиев нов играч на Славија Софија

Досегашниот играч на Шкупи, Константин Чешмеџиев е нов член на бугарскиот тим Славија Софија. Тој се приклучува на оваа екипа после освоената титула со чаирскиот тим.

Чешмеџиев во минатото беше дел од Работнички, Пелистер, Љубанци, Македонија ЃП, А. Пандев, Шкендија, Вележ и Шкупи. Тој е поранешен член на младата репрезентација.

Игра на позицијата стопер, иако може да игра и како последен играч за врска, каде што често го гледавме низ настапите за Шкупи. Има 26 години, и се приклучува на тимот во кој настапува и Ѓоко Зајков, но прашање е што ќе се случува со него затоа што е дел од Ворскла Полтава, и како позајмен играше до минатата сезона во оваа екипа.

Се вчитува...