Чесите ги чека пекол: Арената „Борис Трајковски“ распродадена за клучниот меч на ракометарите

Македонската ракометна репрезентација ќе има фанатична поддршка на клучниот меч за пласман на СП 2023, утревечер во 19 часотпротив селекцијата на Чешка. По ремито од 24-24 во Злин, нашите ракометари се со реални шанси за пласман на мундијалот, а нема сомнеж дека публиката ќе биде значаен адут на утрешниот реванш.

Од Ракометната Федерација на Македонија објавија дека сите билети се распродадени, па идентично како и на првиот бараж со Романија, околу 7.000 Македонци ќе им дадат поддршка на Лазаров, Миркуловски, Талески, Митревски… за пласман на уште едно големо натпреварување.

Воедно, овие натпревари ќе бидат последни за Кире Лазаров и за Филип Миркуловски во нивните фантастични репрезентативни кариери.

Се вчитува...