Чесите играчки сомлени среде Злин…, но некако се извлекоа од македонскиот „млин“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Злин, Чешка

Стеван Цаневски

Македонија одигра повеќе од квалитетен натпревар против фаворизираната Чешка во првиот натпревар од баражот за пласман на СП, на крај испуштајќи триумф за позитивно реми (24-24) кое пред реваншот во Скопје за четири дена ги остава мундијалските надежи живи.

Без сомнение, играчки Чесите беа сомлени среде Злин од Кире Лазаров и неговите избраници, но се чини некако и благодарение на среќата во самиот финиш успеаја да се извлечат од македонскиот „млин“ во кој беа западнати низ поголемиот дел од второто полувреме.

Македонија имаше предност и од седум гола во еден момент (10-17) за сепак да им остави шанса на Чесите да се надеваат на успех во Скопје, каде македонските ракометари ќе ја имаат поддршката и од македонските спортски фанови.

 

Се вчитува...