Честит Велигден, Македонци – честитка од ракометарите (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кире Лазаров пред мечот најави храбра игра, во обид да се стигне до „триумф за душа“, за велигденска честитка до сите оние кои веруваат во оваа репрезентација.

Лазаров и неговите избраници го сторија токму тоа на теренот од СЦ „Јане Сандански“, чекајќи ги своите пет минути за резултатски да се одлепат. Тие дојдоа кога голманот Митревски се разбрани, па Швајцарците немоќни дури и при „седум на шест“ беа осудени на капитулација.

А Македонија покажа дека знае да одигра на високо ниво и кога триумфот не е императив, дека може да слави и со по петнаесетина екстра-минути. Јасно е, на ЕП ќе мора да се игра уште подобро, но работите дефинитивно тргнаа на подобро откако Лазаров ја презеде тоталната контрола врз националниот тим. А високите стандарди што селекторот ги поставува пред себе и пред другите се гаранција дека на ЕП 2022 ќе видиме уште поквалитетна македонска репрезентација.

Се вчитува...