Обезбедениот бараж на Македонија за место на СП 2022 во Катар не остане без оддек во регионот. Безмалку сите балкански медиуми со суперлативи се изнесуваат за квалификацискиот циклус на македонската селекција, која по учеството на ЕП 2020 сега продолжува по победничкиот пат.
Честитка за успехот на националниот тим до ФФМ и претседателот Муамед Сејдини, упати и еден од најславните европски фудбалери сега прв човек на фудбалскиот сојуз на Црна Гора, Дејан Савичевиќ.
„Почитуван, претседателе Сејдини, во свое и во име на ФС на Црна Гора ја користам оваа прилика на вас, на селекторот Милевски, на играчите, членовите на стручниот штаб, вработените во ФС на Македонија и на сите навивачи на фудбалската репрезентација да им го честитам пласманот во баражот за Светското првенство кое во 2022 ќе се одржи во Катар. Македонија уште еднаш покажа дека со упорна и одговорна работа секоја мала земја и мал сојуз може да направи големи резултати и да се најде во шанса рамноправно да се бори со великаните на европскиот фудбал за учество на едно големо натпреварување. Сигурен сум дека вашиот национален тим ќе знае да ги искористи искуствата стекнати во баражот за пласман на ЕП 2020 и ќе успее во намерата за уште еден историски успех и пласман на финалниот турнир на СП. Ви посакувам многу среќа во баражот и пласман на Мундијалот во Катар. Уверен сум дека сите во Црна Гора од срце ќе навиваат за Македонија на мартовските натпревари“ – се вели во честитката од Дејан Савичевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА