Честитки до Новак Ѓоковиќ од сите страни: Беше беспрекорен, немате од каде да го нападнете

Како што Рафаел Надал и Роџер Федерер се „кралеви“ на Ролан Гарол и Вимбилдон, така српскиот ас, Новаќ Ѓоковиќ е „крал“ на Мелбурн. Србинот деветтпати го освојува „Ози Опен“, а последната „жртва“ беше Русинот Данил Медведев кој беше совладан со 3-0 во сетови. На Ѓоковиќ не му попречи ниту поведата на патот до осминафиналето, па по мечот доби пофалби од сите страни.

Таква беше и онаа од некогашниот прв „рекет“ на светот, Матс Виландер, кој некогаш важеше за голем критичар на играта на Србинот.

„Тоа беше неверојатна претстава. Ѓоковиќ го започна мечот од сништата, веднаш поведе со 3-0, а потоа Медведев некако се врати па помислив дека ова ќе биде тежок меч. Но Новак играше само подобро и подобро, имаше мала криза на почетокот на вториот сет, но брзо ја надмина. Беше многу цврст и освојуваше бодови на многу различни начини. Последните два меча беа преспрекорни за Ѓоковиќ, едноставно не грешеше во полуфиналето и финалето. Кога го гледате Новак на Австралија Опен, ви се чини дека е тешко да го победите како Рафа на Ролан Гарос“ – изјави Виландер.

Интересен коментар на финалниот меч, но и за целиот Австралија Опен и доминацијта на Ѓоковиќ имаше и Енди Родик, некогашниот шампион на УС Опен.

„Ѓоковиќ е толку добар. Рутински добива великани, големи играчи на Австралија Опен со години. Немате каде да го нападнете на теренот. Тоа Ви е како да не можете да удрите боксер, а тој боксер може да Ве нокаутира со две раце, респект“ – нашиша Родик на Твитер.

Се вчитува...