Четири евролигаши кои се реална опција за Факундо Кампацо

Факундо Кампацо замина од Далас Маверикс, а и покрај желбата за докажување во НБА лигата се поверојатна е опцијата за камбек во Евролигата каде со успех ги бранеше боите на Реал Мадрид. Аргентинецот е мета на четири тимови, меѓу кои е и „кралскиот клуб“.

Главниот град на Шпанија, традицијата и културата на Реал Мадрид се добро познати за Кампацо, a во 31-годишникот се гледа како идеално решение за проблемите на бековската позицја каде како класичен плејмејкер настапува само 35-годишниот Серхио Љуљ.

Во игра се и италијанските Виртус Болоња и Милано кои се мачат на стартот на сезоната. Болоња е добро пополнета на бековската позиција со Лундберг, Хекет, Теодосиќ, Пајола и Манион, но товарот паѓа врз 34-годишниот Италијанец и 35-годишниот Србин, а тоа резултира со шест порази.

Милано пак мака мачи со повреди, во полза на „манекените“ не е ниту последната информација за шест неделната пауза на Кевин Пангос, па во Аргентинецот се гледа не само како решение за клубот кој е на дното на натпреварувањето, туку и како некој кој може да донесе битка за место во разигрувањето.

Кампацо летото беше желба и на Фенербахче, тој повторно е опција за турскиот состав, но постои најмала веројатност за негов ангажман со оглед на добро пополнетиот тим. Ник Калатес ја игра една од најдобрите сезони во својата кариера и ангажман на 31-годишниот ќе биде дополнителен проблем за Димитрис Итудис во распределбата на минутите.

Се вчитува...