Четири години суспензија за Симона Халеп!

Некогаш најдобрата светска тенисерка, Симона Халеп, е казнета со ригорозна суспензија од четири години поради позитивниот допинг тест при настапот на ланското издание на УС Опен.

Халеп беше позитивна на Роксадустат, супстанца што го зголемува хемоглобинот и дава дополнителна енергија на спортистите. Таа тврдеше дека супстанцата била случајно внесена, но истрагата покажа дека количеството на Роксадустат во организмот било превисоко.

„Сите три члена на Антидопинг комисијата гласаа за санкционирање на Симона Халеп. Таа е казнета од октомври 2022 година и нема да може да се врати на терените до 7 октомври 2026 година“, објави Комисијата за Тениски Интегритет, потврдувајќи ја високата санкција за Романката.

Се вчитува...