Четири гола на Лазаров во поразот на Нант од Барселона, Кјелце лесно против Елверум

Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров со Нант загуби од Барселона со 27-35 во Лигата на шампионите.

Каталонците немаа милост кон францускиот тим доминирајќи од самиот почеток за сосема заслужена трета победа во новата сезона од ЛШ. Мем со шест гола беше најдобар кај Барселона, додека Кире Лазаров заврши со четири погодоци во редовите на Нант.

Германски Кил лесно славеше на гости против Целје Пивоварна Лашко со 24-35, додека во последниот денешен натпревар Кјелце го победи Елверум со 22-31.

Се вчитува...