Четири пилоти ќе атакуваат на светската титула во Индијанополис!

По седум трки низ целиот свет, распределени во осум месеци, чекањето е речиси готово: Оваа сабота и недела, американскиот автодром Индијанаполис за првпат ќе биде домаќин на финалето на сезоната од светското првенство Red Bull Air Race. Во викендот преполн со акција која го запира здивот, едно име ќе им се приклучи на легендите кои ја создадоа спортската историја на овој „свет грал“ на мотоспортот. Дали тоа ќе биде Мартин Шонка од Чешка, Јошихиде Муроја од Јапонија, Пит МекЛеод од Канада или Американецот Кирби Чемблис?

Всушност, ова ќе биде втора по ред сезона оргомната публика покрај автодромот да биде сведок на молскавичниот лет кој ќе биде пресуден за шампионскиот наслов, бидејќи во 2016 година Геманецот Матијас Долдерер имаше голема предност пред крајот на сезоната. Но, оваа година разликата е тесна. Лидерот на табелата, Чехот Мартин Шонка, мора да се смета за фаворит во битката на нерви и вештина – но неговата предност е минимална. Јапонецот Муроја е само четири поени зад него и има „земено залет“ со победата на претходната трка во Германија.

Младиот Канаѓанец МекЛеод заостанува седум поени зад Шонка, и сите тројца имаат екстра мотивација од сознанието дека нивната прва шампионска титула во кариерата воедно ќе биде прва и за нивната земја. Во меѓувреме, на 11 поени зад нив, Американецот Кирби Чемблис ќе немаше големи шанси да не е таков каков што е: двоен шампион и најискусен меѓу пилотите. Кога станува тешко, Чемблис се истакнува на најдобар начин, а и публиката ќе биде на негова страна.

red bull air

Заедно со уште 10 други пилоти од Мастер класата кои ја чекаат последната трка за да си го подобрат пласманот во сезоната, во Индијанаполис нема да има задршки. А и возбудливите млади надежи од Челинџер класата ќе се борат во својот Челинџер куп, каде што учествуваат пилот од Германија, Шведска, Полска, САД; Франција и Велика Британија.

Акцијата во Red Bull Air Race претставува слалом со акробатски авиони на патека поставена со порти направени од воздушни кули, при што се развиваат големи брзини на мали височини. Пилотите летаат веднаш покрај трибините и постигнуваат брзини од 370 километри на час, а притоа искусуваат гравитациски сили до 10G. Ова е најновото возбудливо поглавје во спортската историја на автодромот Индијанаполис, кој е официјално Национално историско место на САД и прв светски автодром. Неговиот прекар „Брикјард“ се должи на првичната конструкција на патеката со цигли,но од 1909 година до денес се здоби со својата репутација како „свет грал“ на мотоспортот со настани во кои може да се набројат: Индијанаполис 500, NASCAR, Формула 1 и МотоГП. Во авијацијата, автодромот првпат се отвори за јавноста со трките со балони во 1909 година, а во 1910 беше домаќин на првиот лиценциран меѓународен авио-митинг на Браќата Рајт.

Се вчитува...