Четири скокалници: Кобајаши најдобар и во Гармиш

Роју Кобајаши ја почна 2022 година на ист начин како што ја заврши 2021, со триумф на натпреварувањето од „Четири скокалници“. Откако пред неколку дена беше најдобар во Оберстфорд, Јапонецот денеска триумфираше и во Гармиш Партенкирхен, правејќи уште еден голем чекор за кревање на пехарот за најдобриот на ова традиционално натпреварување.

Кобајаши имаше извонреден прв скок од 143 метри, два метри подолг скок од второпласираниот Маркус Ајзенбихлер. Во втората серија Кобајаши скокна дури осум метри помалку од Германецот, но Ајзенбихлер загуби бодови кај судиите и покрај големата должина на скокот. Во една таква ситуација, јапонскиот скокач стигна до првото место за само 0,2 поени, најмала разлика меѓу победникот и второпласираниот скокач во последните 20 години на „Четирите скокалници“.

Следен предизвик за Кобајаши е да триумфира на сите четири скокалници, нешто што веќе му успеа на Јапонецот, во 2019 година.

Се вчитува...