Четириесет минути ќе го одлучат последниот полуфиналист

Разигрувањето за титула на домашната сцена продолжува денеска од 17:30 со ‘мајсторката’ помеѓу МЗТ Скопје и Куманово, натпревар кој ќе го даде последниот патник во полуфиналето.

‘Сино-белите’ тимови оваа сезона одигра неколку одлични меѓусебни натпревари во кои аеродромци водат со 3-2, но сега се се сведува на 40. минути. Куманово докажа дека кога ќе одирга комплетен натпревар може да се надигрува против актуелниот шампион па избраниците на Ѓеорѓиевски се надеваат дека добрата игра од претходниот меч ќе ја пренесат и денеска.

Скопскиот состав останува фаворит за овој натпревар, но за избраниците на Радиловиќ да се најдат во следната фаза од натпреварувањето денеска ќе мораат да одиграат подобро во одбраната против Отис Ливингстон и да ги сведат грешките во нападот на минимум.

Победникот на овој натпревар во полуфиналето ќе се сретне со Пелистер. Како потсетување покрај ‘зелено-белите’ своето место во оваа фаза претходно го осигураа Работнички и Еуро Никел.

Се вчитува...